ФИФА предлага ново правило
Опасноста од повреди ако се продолжи сезоната со зголемена фрекфенција на мечеви е причина за новото правило што го најави ФИФА.Предлогот за пет наместо досегашните три замени во една екипа за време на натпревар е испратен до телото на Светската фудбалска федерација што ги контролира законите на играта.Постои можност и за шеста замена на турнир или натпревар каде може да има продолжетоци. Промената најверојатно ќе се применува до крајот на следната сезона.