ФИФА нема да доделува награди

Според весникот Марка, челните луѓе на ФИФА размислуваат да не ги доделат наградите за најдобрите оваа година.

Поради пандемијата ФИФА реши да ја откаже гала вечерта чиј домаќин требаше да биде Милано на која ќе се доделеа награди за најдобрите во оваа година.

Светската фудбалска асоцијација размислува да сезонава да ја укине и наградата Златна копачка што му се доделува на најдобриот стрелец во националните првенства со оглед на фактот дека дел од шампионатите се прекинати.

Се уште нема инфомација за доделувањето на Златната топка на Франс фудбал, награда која на најдобрите фудбалери им се врачува од 1956 година.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ