ФИФА и УЕФА му се закануваат на Косово со суспензија

Македонската фудбалска репрезентација би можела без мака да се пласира во финалето од плејофот во Лигата на нации, бидејќи на Косово му се заканува суспензија од ФИФА и УЕФА.

Во косовскиот фудбал владее вистински хаос, откако политиката замешала прсти во обидот да се смени актуелниот претседател на фудбалската федерација, Агим Адеми. Она што е најстрого забрането според правилата на ФИФА и УЕФА е мешање на политиката во фудбалот.

Медиумите од Приштина велат дека двете најмоќни фубдалски организации го следат случајот во Косово и дека се подготвени да изречат суспензии за сите репрезентации и клубови од оваа земја. ФИФА претходно немаше милост кон Камерун и Нигерија, кога ги суспендираше овие земји поради мешање на политиката во фудбалот. Шпекулациите велат дека Косово може да биде исфрлен меѓународните натпреварувања од 1 до 5 години.

Ваква санкција би значело дека Македонија во мартовскиот плеј-оф во Лигата на нации за пласман на Европското првенство, може директно да се квалификува во финалето или евентуално да добие нов противник. Нашите фудбалери треба да ги одмерат силите со Косово, најверојатно во Скопје на 26 март идната година.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ