ФФМ ја прекина сезоната во ПМФЛ и во Купот

Дефинитивно прекин  на Првата  МФЛ и натпреварувањето во Купот на Македонија,без прогласување на шампион.Процесот на лиценцирање е се уште во тек, по што ќе се одредат екипите кои ќе играат во Европските купови,одлука од денешната вонредна седница преку конференциска врска на УО  при ФФМ.

Ситуацијата со позитивните тестови на вирусот Covid-19 потврдени кај неколкумина фудбалери од ФК Ренова и ФК Шкендија, потоа процесот на самоизолација од две седмици кои треба да го помине целиот тим на ФК Ренова, како и неможноста во вакви, вонредни услови, земајќи го во предвид и ограничувањето на движење, клубовите да го продолжат тренинг процесот пропишан во здравствениот протокол, Управниот одбор донесе одлука да ја прекине натпрварувачката сезона 2019/2020 во Прва МФЛ. Одлуката за прекин на сезоната ФФМ  им ја соопшти и на службите во УЕФА.-известуваат од домашната Куќа на фудбалот.

Пред прекинот на сезоната поради глобалната пандемија,Вардар беше лидер на табелата со 46 бодови,10 повеќе од Силекс и 11 од Шкендија.

Тим Поз Коло Поб Нер Пор Г.Р. Поени
ФК ВАРДАР 1 23 13 7 3 19 46
ФК СИЛЕКС 2 23 10 6 7 3 36
ФК ШКЕНДИЈА 3 23 10 5 8 18 35
ФК РЕНОВА 4 23 9 4 10 -8 31
ФК ШКУПИ- 1927 5 23 7 8 8 0 29
ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 6 23 7 8 8 -4 29
ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 7 23 7 7 9 0 28
ФК РАБОТНИЧКИ 8 23 8 4 11 -8 28
ФК БОРЕЦ 1919 9 23 7 6 10 -11 27
ФК СТРУГА-ТРИМ-ЛУМ 10 23 6 7 10 -9 25
Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ