
Феникс почна да победува, Чикаго ја прекина низата порази
Во НБА лигата одиграни се седум натпревари. Феникс ја совлада Минесота со 107:99 и за прв пат сезонава успеа да врзе две победи во низа. Девин Букер мечот го заврши со 28 поени и седум скока, Ти Џеј Ворен беше стрелец на 21 поен додека Деандре Ајтон забележа 18 поени и 12 освоени топки под обрачите.
Во поразениот тим Карл Ентони Таунс имаше 28 поении 12 скока, а Дарио Шариќ впиша 15 поени и 11 освоени топки.
Чикаго славеше со 98:93 во мечот против Сан Антонио и ја прекина серијата од три последователни порази.
Крис Дан имаше учимнок од 24 поени и седум скока, а Лаури Марканен додаде 23 поени и седум освоени топки. На спротивната страна ЛаМаркус Олдриџ беше стрелец на 29 поени, а ДеМар ДеРозан додаде 21.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – ЛА Лејкерс 100:128
Детроит – Бостон 114:104
Мемфис – Хјустон 97:105
Оклахома – ЛА Клиперс 107:99
Орландо – Јута 96:89