
Фени Индустри го совлада Охрид, Куманово убедлив во Битола
Денеска се одиграа три натпревари од шестото коло во кошаркарскиот шампионат на Македонија.
Куманово на гостувањето во Битола нема поголеми проблеми во мечот против Пелистер и забележа убедлива победа од 87:67. Бранислав Ѓекиќ со 18 и Адем Мекиќ со 17 беа најефикасни во победничката екипа додека на спротивната страна Тајрон Херис беше стрелец на 28 поени.
Во дербито на дното Вардар како гостин славеше против Шкупи со 77:67, а во последниот меч од денешната програма Фени Индустри го совлада Охрид со 86:81.
Во домашниот тим Јане Петровски имаше учинок од 20 поени и 10 асистенции додека Филип Бакоч мечот го заврши со 20 поени и 10 скока. Во гостинскиот тим најефикасен со 16 поени беше Рос Крег.
Утре ќе се одигра дуелот меѓу Блокотехна и Гостивар додека за в понеделник е закажан почетокот на вечното дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички.