ФА на Англија го намали буџетот

Првиот човек на Англиската фудбалска асоцијација Грег Кларк потврди дека поради прекинот на сезоната буџетот е намален за 75 милиони фунти, а најави дека ако кризата продолжи во следниве неколку години се очекува негативно салдо од 300 милиони.

Тој истакна дека постои голема веројатност до крајот на годината сите мечеви да се играат без публика, а стравува дека така може да биде и до завршувањето на следната сезона. Сето тоа ќе донесе огромни загуби за клубовите и еден од приоритетите е како да им се помогне на оние чии штети ќе бидат големи и ќе се соочат со банкрот.

Премиер лигашите се подготвуваат за продолжение на првенството, а по последните препораки на лекарските тимови според новиот календар сезоната наместо за пет ќе се комплетира за седум недели.

Продолжувањето на периодот на одигрување на 92-та натпревари се должи на забелешката дека темпото е премногу напорно и се стравува дека постојат големи ризици за повреди на фудбалерите. Според најавите шампионатот ќе продолжи на 12 или 19 јуни, а според препораките на УЕФА тој треба да заврши на 2 август. Новиот предлог ќе биде ставен на гласање на состанокот во петок.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ