Ф4 НА СЕХА ЛИГАТА ЌЕ СЕ ИГРА ВО СЦ ЈАНЕ САНДАНСКИ
СЕХА ЛИГА: Ф4 ТУРНИРОТ ЌЕ СЕ ИГРА ВО СЦ ЈАНЕ САНДАНСКИ
Раководството на СЕХА лигата одлучи седмиот Ф4 турнир да се одржи во Скопје во СЦ „Јане Сандански. Вардар ќе биде соорганизатор на овој турнир што треба да се игра во периодот од 13 до 15 април.Македонскиот клуб кој е актуелен Европски првак и шампион на Сеха лигата,титулата во регионалнатото натпреварување ќе ја брани во конкуренција на Загреб, Целје и на Мешков Брест.Полуфиналните двојки ќе бидат одредени на 18 март,откако ќе завршат последните две кола од регуларниот дел на сезоната. После 2013 година,Скопје по втор пат ќе биде домаќин на завршница од Сеха лигата.Вардар ќе атакува на четврта титула .Црвено-црните го освоија шампионскиот пехар во 2012 година во Загреб ,2014 во Нови Сад и лани, на Ф4 турнирот во Брест.