
Ф 4 СЕХА ЛИГА: ВАРДАР ПРЕКУ МЕШКОВ БРЕСТ ДО ФИНАЛЕ СО ЗАГРЕБ
Вардар успешно стартуваше на Ф4 турнирот во Белорусија,откако со 25-23 го победи домаќинот Мешков Брест и закажа нова пресметка со стариот ривал Загреб.Македонскиот шампион кој ја брани титулата и го напаѓа петтиот наслов во 8. годишната историја на Сеха лигата, како фаворит имаше проблеми во денешното полуфинале во вториод дел,но го имаше и расположениот Милосављев.Првите 15. минути минаа во изедначена игра.Вардар имаше стартна предност,Мешков пак, поведе со 5-3 во 8. минута.До крајот на полувремето,екипата од Скопје успеа да ја стабилизира играта и замина на пауза со 14-10.Залихата од 4. голови на Вардар ,Мешков Брест ја неутрализираше до 45 минута.Домаќинот изедначи па и поведе со голот на Ѓорѓиќ што ја принуди скопската екипа да извлече максимум во завршницата и на крајот да го завери седмото Сеха финале со 25-23.Наефикасен кај Вардар беше Стоилов со 7 голови,Криштопанс постигна 5.На голот, извонредниот Милосављев одбрани 15 удари.Финалето Вардар-Загреб ќе се игра утре од 19.00.Претходно од 16.30 во мечот за 3.место во Брест ќе се сретнат Мешков и Нексе кој во денешното прво полуфинале загуби со 28-23 од Загреб.