Европското првенство во ракомет револуционерно во поглед на технологијата на преносите

Македонија на европското првенство во ракомет ќе игра во групата Б, во Виена заедно со репрезентаците на Украина, Чешката република и домаќинот Австрија.

Првиот натпревар нашата репрезентација ќе го одигра утре со почеток во 20 часот и 30 минути.

Ова ракометно првенство ќе биде револуционерно и во поглед на технологијата на преносите.

ЕХФ во соработка со Кинексон ќе отвори ново поглавје во историјата на следење и собирање на значајни статистички податоци и во секој момент ќе се собираат информации за движењето на играчите, топката и судиите.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ