ЕШЛИ КОЛ ЗАМИНУВА ВО ПЕНЗИЈА

Ешли Кол,поранешниот член  на Англиската селекција кој беше  фудбалер на Арсенал и на Челси, реши да стави крај на играчката кариера.38- годишниот  лев бек кој во полусезона настапуваше за Дерби Каунти , истакна  дека ќе се насочи на градење тренерска кариера.Кол дебитираше како професионалец  во 1999 година кај Арсенал каде се задржа 7  сезони  со позајмица  и кај  Кристал Палас пред да заигра за Челси во период од 2006 до 2014 година.Рома беше неговиот последен клуб во Европа пред да замина во САД  кај ЛА Галакси а во 2019 заврши кај ДК. Ешли Кол има 107 натпревари за национален тим на Англија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ