Ерера ги договори личните услови со ПСЖ

Фудбалерот на Манчестер јунјатед, Андер Ерера ги договорил личните услови со ПСЖ, каде ова лето ќе се пресели како слободен играч.

Шпанскиот интернационалец по пет сезони минати во дресот на „црвените ѓаволи“ од идната сезона ќе игра за францускиот шампион, кој му понуди двојно поголема плата и сега ќе заработува 150.000 фунти неделно.

Ерера е самиот првиот од многуте најавени фудбалери кои летово ќе си заминат од „Олд Трафорд“, бидејќи менаџерот Оле Гунар Солскјер подготвува голема реконструкција на играчкиот кадар.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ