ЕП Б ДИВИЗИЈА У 18: ПОРАЗ НА КОШАРКАРИТЕ ОД ХОЛАНДИЈА

После стартната победа над Исланд,вечерва во 2.коло од ЕП Б дивизија за играчи до 18 години, македонските кошаркари во СРЦ Кале  загубија од Холандија со 84-62. Увертира во дебаклот  беше лошата игра на нашите репрезентативци во првото полувреме.Перфомансите во вториот  дел беа подобри но само за да се ублажи  поразот од финални 22 разлика. Андреј Јакимовски со 17 поени беше прв стрелец на Македонија,Во Ц групата,денеска Чешка го порази Исланд 95-73,Израел беше подобар од Луксембург 104-70 и овие  две селкции со по 4 бодови се лидери на табелата.Утре  во 3.коло Македонија ќе игра со Луксембург во термин од 18.45.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ