ЕМИЛ ПАВЛОВ ЕВРОПСКИ ШАМПИОН ВО КАРАТЕ
Денеска во Нови Сад завршува ЕП во карате за сениори на кое македонскиот натпреварувач Емил Павлов освои златен медал во кумите.Павлов во категоријата до 60.кг успеа во вчерашното финале да го победи италијанецот Анџело Крешченцо со 3-1 на поени и по втор пат во кариерата да стигне до титула европски шампион. На патот до финалето во Нови Сад,Павлов беше подобар од словакот Доминик Имрач ,Јасин ел Алтар од Холандија, Ненад Дуловиќ од Црна Гора, а во полуфиналето го совлада Калвинс Калинс од Летонија.