
ЕХФ СО НОВИ ТЕРМИНИ И СЦЕНАРИЈА ЗА ЛШ,ВАРДАР И ПИК С. НА МЕГДАН ВО ЈУНИ
Следејки ја состојбата со пандемијата предизвикана од Ковид 19, Европската ракометна федерација соопшти нови термини и сценарија за завршница на сезоната.Што се однесува до планот како да се доигра актуелната сезона во Лигата на шампионите,ЕХФ најави натпревари во јуни.Според планираното, Вардар мечевите со ПИК Сегед од 1/8 финалето ќе ги игра на 3 или 4 јуни во Скопје и на 6 или 7 јуни во Унгарија. Четвртфиналните натпревари би требало да се одржат при крајот на јуни, а фајнл-фор турнирот во Келн на 22 и 23 август.
Најдоцна на 15 мај ќе биде потврдена одлуката или натпреварите ќе бидат откажани.