Егоров пропушти шанса да се бори за бронза
На шестиот ден од Европските игри во Мински настапија четири наши спортисти. Борачот Владимир Егоров не успеа во репасажот да се избори за меч за бронзениот медал, а пораз во првото коло забележа и Фати Вејсели. Додека Могамедгаџи Нуров по победата во првата рунда се пласираше во четврт-финалето, а кајакарот Владимир Малески се пласираше во полуфиналето на трката на 200 метри.
Малески беше дел од третата квалификациска трка, на целта пристигна како седми но и тоа беше доволно да се пласира во полуфиналето. Во втората трка денеска Малески повторно го освои последното место во групата заостанувајќи зад победникот шест секунди.
Нуров во првиот дуел со технички туш го совлада Литванецот, Лукас Красаускас, но во четврт-финалето беше поразен од Абдулрашид Садулаев, но се уште има шанса да се бори за бронзен трофеј и да го чека епилогот полуфиналните дуели.
Владимир Егоров пропушти шанса да се брои за третото место, тој и покрај повредата беше рамноправен противник во соочувањето со Бугаринот, Георги Вангелов и откако мечот заврши без победник со одлука на судиите сепак славеше противникот.
Во категоријата до 65 килограми Фати Вејсели уште во првото коло беше елиминиран од Русинот Ахмед Чакаев.