Еден месец пауза за Хамес Родригез

Колумбискиот репрезентативец во дресот Баерн, Хамес Родригез поради повреда на коленото ќе мора да паузира најмалку еден месец.

Лекарскиот тим на Баварците соопшти дека Хамес Родригез ги повредил лигаментите на коленото и во почетната фаза од рехабилитацијата ќе мора да одмора десетина дена, а потоа ќе почне со терапија.

Колумбиецот е третиот фудбалер на Баерн кој во изминатиов период е надвор од терените поради повреда на коленото. Веќе подолг период тренерот на Баварците, Нико Ковач од истите причини не може да смета на Корентан Толисо и Кингсли Коман.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ