
ЕДЕН ДВА НА МЕРЦЕДЕС ВО ШПАНИЈА,ПОБЕДА НА ХАМИЛТОН
Луис Хамилтон е новиот лидер во Формула 1 шампионатот.Британскиот ас триумфираше на трката за ГН на Шпанија .Пилот на Мерцедес го изведе клучниот маневар уште на стартот, го презеде водството од Валтери Ботас и за задржа на 1.место до комплетирање на последниот, 66 круг. Мерцедес и петти пат сезонава успеа за забележи 1-2 . Ботас го зазеде второто место, место на пиедесталот избори и Макс Ферстапен од Ред Бул .Себастијан Фетел на Ферари заврши на четвртата позиција. Британецот го имаше и најбрзиот круг на трката.За актуелниот шампион ова е 76 победа во кариерата и трета по ред на патеката Каталуња Хамилтон се проби во поредокот на возачи со 112 бода,пред Ботас кој има 105.Следната Формула 1 трка ќе се вози на 26 мај во Монако.