
Е.РАБОТНИК ПОДОБАР ОД МЕТАЛУРГ,ОСТАВКА НА БРЕСТОВАЦ
Данило Брестовац ,новиот селектор на Македонската машка репрезентација ,неочекува се повлече од тренерската функција кај Металург,преземајки ја вината за поразот на тимот од Автокоманда во денешното плеј-оф суперлигашко дерби.Битолски Еурофарм Работник славеше со 32-25 на гостувањето во Скопје и направи брејк во борбата за 2.место кое води до Сеха лигата зад Вардар, апсолутниот фаворит во домашното првенство.Еурофарм имаше гол предност на полувремето, предводен од поранешниот играч на Металурзите,Филип Кузмановски кој беше прв стрелец на дербито со 8 погодоци.Ако нема изненадување кај двете страни во продолжение од плеј-офот,за 2.место ќе решава мечот во Битола закажан за 9 мај според календарот на РФМ.