
Е.РАБОТНИК ГО ПОБЕДИ ВЕСПРЕМ
Битолската екипа приреди сензација ,го порази Веспрем со 26-24 и остана со максимален ефект после три меча во деби сезоната од Сеха лигата.
Првиот гол на дербито во Битола падна дури во 4.минута за водство на Еурофарм,а од 15-та,македонската екипа понесена од одбраните на Митревски влезе во извонреден ритам .Домашниот вицешампион на три пати во 17,20 и 25. минута имаше плус 5, а на полувремето замина со изненадувачки за унгарците 14-8.Во вториот дел,Веспрем се врати во игра.Гостите стигнаа до 19-19 во 47 минута,но Работник не дозволи пресврт.Јотиќ со 8 голови беше најефикасен кај битолската екипа ,Гајиќ со 9 кај гостите.Митревски заврши со 12 одбрани.Еурофрам Работник се проби до врвот од Б групата со 9. бодови колку што има и Веспрем .Унгарците имаат меч повеќе.Во наредното коло од Сеха лигата ,Работник на 5 октомври гостува кај Загреб.