
Е.Пелистер го обезбеди Стјепановиќ и за 2021
Актуелниот македонски вицепрвак објави дека ја продолжи соработката со интернационалецот од БиХ, Невен Стјепановиќ.199 сантиметри високиот десен бек, потпиша нов договор со Еурофарм Пелистер , со важност до јуни 2021 година. Искусниот ,27 годишен ракометар дојде во Битола од редовите на Спортинг и минатата сезона беше важен дел од екипата се до повредата против Мешков Брест во меч од СЕХА лигата. Пелистер пред неколку дена се засили со Марио Танкоски.Младиот централен бек кој дојде од редовите на Металур, потпиша тригодишен договор и ја зацврсти бековската линија откако Јотиќ и Остроушко најавија заминување од клубот.