Двајца лекари обвинети за смртта на Астори

Италијанското обвинителство подигна обвинение против двајца лекари кои на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори, кој почина од срцев удар во март годинава му дале потврда дека е здрав.

Астори почина од срцев удар, а во истрагата се докажало дека тој имал проблеми со аритмија која била дијагностицирана на лекарските прегледи додека настапувал за Каљари и Фиорентина.

“Астори имал два електрокардиограми од 2016 и 2017 година каде е забележано тој имал јасни симптоми дека срцето неправилно”, се вели во извештајот од истрагата.

Токму овие податоци се крунскиот доказ во обвинението за двајцата лекари кои во тоа време ги потпишале дозволите дека тој може да игра фудбал и покрај фактот што имал проблеми со срцето.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ