
Дваесетина деца повредени во сообраќајна несреќа во Германија
Најмалку 47 луѓе се повредени, од кои 20-тина деца кога училишен автобус без кочење удрил во ѕид од зграда во градот Ебербах, во југозападна Германија. Од полицијата соопштија дека на лице место се испратени три хеликоптери кои ги пренесуваат повредените деца во болница, а меѓу нив има шест со сериозни повреди. Причината за несреќата не е позната, а во полиција на распит е возачот, кој пак поминал со полесни повреди.