
Дрвокрадци со години пустошат низ тетовска Вратница
На тетовска Вратница природа и дала се, но човекот и нефункционалноста на институциите ја уништуваат оваа реткост.
Вратничко езеро е речиси пресушено, дабовата шума се краде на големо, а земјоделската површина засадено со лозов насад како никој да не ја работи.
Вратничкото Езеро служи за наводнување на лозовиот насад, а воедно се користело и како рибник. Но, години подоцна настанува проблем со одржувањето на Езерото. Се менувале стопанствениците, се менувале закони и сето тоа на штета на Езерото.
Со Вратничкото езеро стопанисува Ад Водостопанстов Полг. Оттаму велат дека поради сушната година но и поради користењето на реката за наводнувањето со која се полни езерото е намален водостојот на езерото.
Сличен одговор од институции мештаните од Вратница добиле и за кражбата на шумата во атарот на нивното село, која е во приватна сопственост.
Поради негрижата за природата од која практично живеат руралните средини и Вратница не го одминува феноменот на исселувањето Голем број од жителите, веќе се отселени во Америка и западно – европските земји.
Зоран Димовски