Дрогба ја заврши кариерата

Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата коска, Дидие Дрогба објави дека ја завршува фудбалската кариера.

Четириесет годишниот Дрогба до сега го носеше дресот на Феникс, кој се натпреварување во американската УСЛ лига, а по поразот во финалето од разигрувањето за влез во повисок ранг реши да се повлече од активното играње фудбал.

Дрогба на северно-американскиот континент пристигна во 2017 година, а претходно го носеше дресот на Ле Ман, Генгам, Марсеј, Челзи, Шангај Шенхуа, Галатасарај и Монтреал и во текот на богатата кариера одиграл 790 натпревари и постигна 365 гола.

Најголемиот успех во кариерата го постигнува во 2012 година кога во дресот на Челзи триумфира во Лигата на шампиони.

За репрезентацијата на Брегот на Слоновата коска има 104 настапи и постигнал рекордни 65 погодоци. Настапил на три светски првенства, а два пати беше дел од националниот тим на Купот на африкански нации.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ