Драган Данев нов координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

ИЗврешниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ го назначи Драган Данев за нов координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи пратеникот Влатко Ѓорчев побарал да се повлече, поради голем број на обврски.

Од партијата соопштуваат дека:

„Она што исто така е битно за јавноста е дека по барање на пратеникот Владимир Ѓорчев кој што во овој изминат период ја објавуваше функцијата координатор на нашата пратеничката група  во собранието, поради голем обем на обврски и презафатеност истиот побара да се повлече. Извршниот Комитет на негово место го назначи за координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ  во Собранието на Република Македонија господинот Драган Данев, додека за негови заменици се поставени пратениците Горан Манојловски и Драган Цуклев“.

На вчерашната седница на ИК, се донесени повеќе кадровски одлуки, така Комисијата  за политички систем ќе ја предводи професор др. Тања Каракамишева Јовановска.

Комисијата  за семејни прашања и демографија каде Претседател е пратеникот Владимир Ѓорчев. Комисијата  за здравство – ќе ја предводи  др. Виктор Камилоски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ