
Дождот го одложи Суперкласико меѓу Бока и Ривер
Првиот натпревар од финалето во Купот Либертадорес меѓу градските ривали од Буенос Аирес, Бока Јуниорс и Ривер Плата е одложен поради поплавениот терен на стадионот Бомбоњера.
Големото финале требаше да стартува во 21 часот, но поради обилните врнежи од дожд теренот на стадионот на Бока Јуниорс е целосно под вода и поради тоа официјалните лица реши да го одложат почетокот на натпреварот за 24 часа.
Според првите најави дуелот меѓу вечните ривали Бока Јуниор и Ривер Плата требаше да почне со задоцнување, но откако судиите излегоа на теренот и утврдија дека нема услови за одигрување на натпреварот донесена е конечна одлука тој да стартува утре со почеток од 20 часот по средно-европско време.