
Дончиќ ја предводи идеалната „петорка“ во Евролигата
Евролигата ја објави идеалната петорка од регуларниот дел од сезоната.
Тимот го предводи ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Дончиќ, а крај него на бековската позиција е Нандо де Коло од ЦСА Москва, кој е единствениот член на идеалниот најдобриот состав од минатата сезона.
Најдобар плејмејкер е Ник Калатес од Панатинаикос, кој сезонава го скрши рекордот во асистенции во една сезона. Потоа тука се Торнике Шенгелија од Басконија и кошаркарот на Фенербахче, Јан Весели.
Изборот се состоеше од 75 отсто на медиумите и 25 отсто на навивачите. Утре ќе биде објавен најдобрата втора постава во Евролигата, додека наградата за МВП на сезоната ќе биде доделена на завршниот турнир во Белград. Веднаш потоа ќе бидат доделени и признанијата за тренер на сезоната и најдобар кошаркарски работник.