Донација на ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија денеска ги предаде во трајна сопственост трите амбулантни возила кои нашата „Куќа на фудбалот“ ги набави за потребите на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ (стара Градска болница) во Скопје.

„Едноставно, ова е време и моменти кои не потсетуваат дека здравјето на луѓето е најважно. Нашата социјална одговорност досега многу пати била потврдена, тоа е еден од важните постулати во работењето на ФФМ и наша должност е да помогнеме со надеж дека ќе придонесеме во ублажување на последиците од оваа состојба“изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Даночните повластувања кои произлегуваат од Законот за спонзорства и донации, ФФМ нема да го поврати, и  се откажува во корист на државата и фондот за борба против Ковид-19,информираат од ФФМ.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ