Доделени наградите на најуспешните граѓански – новинари за Топ Тема на Ваша Страна
Создавање на ангажирана и критички настроена јавност, како и создавање мост помеѓу граѓанското и професионалното новинарство. Ова беа пораките кои граѓаните-новинари ги испратија на доделувањето награди за најуспешните од нив, од страна на Телма и МЦМС. Тие велат дека со своите кратки вести и стории покажуваат волја да не бидат само неутрални набљудувачи туку активен учесник, како и да ја прикажат промената што сакаат да ја видат во општеството.
Телма и МЦМС со поддршка на УСАИД, спроведоа и истражување за јавното мислење за рејтинзите на политичките партии во Македонија, во пресрет на изминатите парламентарни избори. Сите анкети се спроведени телефонски. Претставниците велат, голем дел од истражувањата не беа наменети само за Топ Тема на Ваша Страна, туку голем дел завршија и како информации во содржини и на други медиуми што дава и поголема тежина на целиот проект.
Освен наградување на најуспешните фото и видео вести и стории кои обработуваат теми и аспекти кои не се покриени од професионалните новинари, денес беше презентирана и збирката со истражувања на јавното мислење за важни општествени теми, насловена како „Аргументи“.
Наградени:
- корупција, миграции, животна средина и граѓански активизам
Приказни:
1.Сашко Тодоров за приказната „Девојата со Осите“
2.Александар Стеванов “Загаденост во околината на Штип“
Фотографии/фоторепортажи и видеа:
Мери Михајловска “Првата вело – лента во Скопје, опасност за велосипедистите
- образование, екологија, корупција и дискриминација
Приказни:
1. Тони Таневски “Епидемија од заразена вода“
2. Марина Тошеска “Детските градинки – предизвици за родителите„
3. Викторија Јовева “НЕ за справување со медицинскиот отпад“
Фоторепортажи:
1. Маријан Јаневски тема: екологија
2. Бојан Велески тема: дискриминација
2. Емил Новевски тема: екологија
3. Роберт Паноски тем: екологија