
Добрила Кацарска останува да и суди на ексминистерката Гордана Јанкуловска
Судењето за Тенк против ексминистерката за внатрешни Гордана Јанкуловска продолжи со сведоци откако не помина барањето за изземање на судијката.
Добрила Кацарска останува да и суди на ексминистерката Гордана Јанкуловска, откако претседатлеот на Кривичен го одби барањето да и назначи нов судија во предметот за набавката на блиндираниот мерцедес од 600 илјади евра. Одбраната, барањето за изземање го поткрепи со одлука на Комисијата за заштита од дискриминација којс оценила дека судот отстапил од вообичаената пракса на закажување на рочиштата и дека постои дискриминаторско однесување и постапување што доведува до вознемирување и повреда на достоинството на Јанкулоска.
Во кривичниот суд со слушање на бомби, денеска продолжи и судењето за Траекторија за кинесите автопати каде обвинети се експремиерот Груевски поранешните функционери Миле Јанкиевски Владимир Пешевски и Љупчо Ѓоргиевски.
Во ауди материјалите што денеска беа пуштени се слуша поранешниот министер за траспорт и врски Миле Јанакиески како договара патување во Кина за група од пет луѓе вклучувајќи го и него. Во друг разговор Груевски бара од Јанакиески во изградбата на патиштата да се свклучи Љубисав Ивановн – Ѕинго.