ДО КРАЈОТ НА АПРИЛ ЌЕ БИДЕ ПОЗНАТА СУДБИНАТА НА СИЛВЕРСТОУН ВО Ф1 ЗА 2020

После откажувањето на Грен слем тенискиот турнир Вимблдон за прв пат после Втората светска војна,британците со соочуваат со опасност за одложување и на трационалната Гран При трка во Формула 1.Во заедничката изјава се вели дека Силверстон и Ф1 се „во постојан  дијалог“ и одлуката ќе се донесе кон крајот на месец април.Гран При викендот  на легендарниот Силверстоун е на календарот од 19 до  21 јули а претходно во трка со времето поради пандемијата на корона вирусот се натпреварите во Канада,Франција и Австрија.Досега се одложени првите осум трки.Освен Австралија и Монако кои се откажаа ,организаторите  на другите 6 како Азербејцан,Бахреин,Кина,Холандија Шпанија и Виетнам се надеваат дека подоцна во текот на годината ,ќе ги вратат датумите во обновен распоред .

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ