Динамо Дрезден жариште на Ковид 19
Германскиот второлигаш Динамо Дрезден објави дека уште двајца членови се позитивни на Ковид 19. Станува збор за еден фудбалер и еден член на бордот на директори и тие се веќе во двонеделна изолација.
Добра вест е дека првите тројца инфицирани по изолацијата имаат негативни тестови и веднаш и се приклучија на екипата. Динамо Последно пласираниот тим во втората лига се уште има забрана да се натпреварува и веќе се одложени три натпревари, а по последните позитивни тестови бројката може да се зголеми.
Во клубот од Дрезден до овој момент извршени пет серии на тестирања на комплетната екипа.