Дијаби и Клајверт на листата на желби на Арсенал
Арсенал летово ќе се обиде да доведе двајца млади и брзоноги фудбалери на крилните позиции.
Прв на листата на „топчиите“ е 20-годишниот фудбалер на Баер Леверкузен, Муса Дијаби. Французинот импресионира во дресот на германскиот тим па не е ни случајно што Арсенал сака да го доведе во своите редови.
Вториот фудбалер е Џастин Клајверт од Рома. „Волчицата“ сака да го задржи Хенрик Михтаријан во своите редови, кој е на позајмица од Арсенал, па во спротивен правец ќе го испрати Холанѓанецот.