ДИЕГО ГОДИН ЗАМИНУВА ОД АТЛЕТИКО МАДРИД

Уругвајскиот дефанзивец Диего Годин  објави дека ја минува последната сезона  во Атлетико Мадрид.На денешната емотивна прес конференција во Ванда Метрополитано,33 годишниот фудбалер изјави дека става крај на својот 9 годишен престој во Атлетико.Годин допатува во Мадрид од Виљареал во 2010 и одигра 387 натпревари за Атлетико.Тој беше дел од тимот кој ја донесе титулата првак на Шпанија после 18 годишен пост.Уругваецот со Атлетико стигна и до два наслови во Лига Европа,Шпанскиот куп,УЕФА Супер купот и на два пати играше финале во ЛШ  против Реал.Интер е фаворит за потписот на Годин.Според Газета Дело Спорт ,уругваецот се согласил за тригодишен договор што треба да го потпише на 1.јули со примања  од 6 милиони и 750 илјади  евра по сезона.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ