ДИБИРОВ ВО ВАРДАР И ВО 2021
Тимур Дибиров (36) со објава на социјалните мрежи потврди дека ќе игра за Вардар и во 2021 година.Искусниот крилен играч од Русија им се приклучи на Стојанче Стоилов, Иван Чупиќ и Кристијан Дизингер кои ја потврдиле верноста кон клубот кој од 1.јуни треба да го преземе Михајло Михајловски. Дибиров, поранешен ракометар на Чеховски Медведи, е дел од Вардар од 2013 година и на двапати во 2017 и 2019 година ја освои титулата во Лигата на шампионите.Вардар најавува освежувања и на бековските позиции а пред неколку дена го ангажираше Томислав Јагуриновски од Металург.