Џошуа на 13 април ќе боксува против Вајт
Промоторот на светскиот шампион во тешка категорија Еди Херн потврди дека следната борба на Ентони Џошуа ќе се одржи на Вембли на 13 април следната година, а противник најверојатно ќе му биде Дилијан Вајт.
Иако се очекуваше дека Џошуа во првиот меч во 2019-та ќе се соочи со Дионтеј Вајлдер или Тајсон Фјури сепак мораше да се најде нов противник бидејќи Светскиот боксерски совет донесе одлука овие двајца повторно да се најдат во рингот откако првиот дуел во Лос Анџелес заврши без победник.
Првите најави беа дека Вајлдер и Фјури ќе боксуваат на 13-ти април, но сега откако Херн го потврди терминот тешко е да се очекува дека во една вечер ќе се одржат два големи дуели и за реваншот ќе мора да се определи нов датум.