Џошуа и Руиз со спортски подадена рака на мерењето
Шест месеци откако Ентони Џошуа беше шокиран од Енди Руиз, утре ќе има шанса за реванш. Тој ќе сака да си ги врати загубените светски титули, но за тоа се прашува и Мексиканецот, кој направи едно од најголемите изненадувања во историјата на боксот.
Денеска во Ријад, Саудиска Арабија, двајцата боксери беа на задолжителното мерење. Немаше никакви провокации, ниту кошкање помеѓу двајцата ривали, кои покажаа дека се вистински спортисти и џентлмени.
Џошуа тежи 107,5 килограми и е пет килограми полесен во однос на првата борба. Руиз тежи 128 килограми, а тој е дури седум килограми потежок за разлика од нивната прва средба.
Англичанецот сака да си ги врати трите загубени титули во ИБФ, ВБА и ВБО верзиите и да се врати на победничките патеки по единствениот пораз во кариерата. Руиз во својата кариера исто така има само еден пораз и тоа од Џозеф Паркер, а има 33 победи од кои 22 со нокаут.
Утре преносот на Телма стартува од 19 часот и 15 минути.