
Дешамп најдобар селектор, Зидан прв меѓу тренерите
Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп е прогласен за најдобар селектор во изборот на Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика.
Предводникот на триколорите освои вкупно 304 бода, 106 повеќе од Хрватот Златко Далиќ додека трет со 84 бода е Шпанецот на чело на селекцијата на Белгија Роберто Мартинез.
Наградата за најдобар тренер му припадна на Зинедин Зидан, Јирген Клоп од Ливерпул ја освои втората позиција, а трет е Жозеп Гвардиола.