
Десетти марш на „црвените чадори“
Стигматизацијата, дискриминацијата и неефикасноста на институциите кои би требало да ги заштитат сексуалните работници и нивните човекови права, се нештата на кои и оваа година апелираа сексуалните работници и голем број активисти за човекови права на денешниот Марш на црвените чадори.
„Дозволете ми во името на неколку илјадници сексуални работници во Македонија да го кренам гласот против сите игнорирања кон сексуалните работници. За сите лоши политики кои уште повеќе не туркаат на дното, за сите предрасусди и стигми кои стојат како мрачни облаци врз нашите глави и да го кренам гласот против оние кои спроведуваат двојни стандарди, осудувајќи го нашиот начин на избор, истовремено уживајќи во нашите услуги“, вели една секслуалн работничка.
„Она што навистина загрижува е што полицијата наместо да ги заштитува правата на сексуалните работници и да врши прогон на насилниците и оние кои сакаат да се изживуваат кон сексуалните работници, одредени полициски службеници многу често се наоѓаат во улогата на насилници“, Драгана Дрндаревска, коалиција СЗПМЗ
Сексуалните работници инсистирааат на нивна заштита и вклучување во секојдневниот живот, бидејќи во повеќето земји во Европската Унија ги штитат закони кои се потврда на нивните човекови права.
„Веруваме и цврсто сме убедени во тоа дека сексуалните работници можат да бидат најдобрите сојузници на институциите, особено на МВР во однос на спречување на криминал кој што е поврзан со дејствија кои што се поврзани со трговија со луѓе. Затоа што многу често нашите институции слободната сексуална работа ја поистоветуваат со трговија со луѓе, што нема никакви допирни точки“, Борче Божинов, СТАР СТАР.
17 декември е прогласен за Светски ден на правата на сексуалните работници, по извршениот масакр врз 46 сексуални работнички во Грин Ривер, во Америка, затоа повеќе од една деценија се организираат протести со една порака да нема повеќе претепани и изчезнати, понижени и убиени сексуални работници.
Нина Стефанова