Дербито на Западот за Голден Стејт

Во дуелот на водечките екипи на Западот, Голден Стејт беше поуспешен од Денвер додека Торонто славеше на гостувањето во Њу Орлеанс и се задржа на втората позиција во Источната конференција.

Дербито на западот му припадна на Голден Стејт кој го совлада Денвер со 122:105. Најефикасен на теренот со 39 поени беше Клеј Томпсон, Кевин Дурент впиша 26 поени и шест асистенции, а Стеф Кари додаде 17 поени и седум скока. На спротивната страна Малик Бизли и Монте Морис постигнаа по 17 поени додека Никола Јокиќ забележа 16 поени и шест освоени топки под обрачите.

Торонто забележа победа од 127:104 во дуелот против Њу Орлеанс. Каваи Леонард беше стрелец на 31 поен, Паскал Сиакам имаше учинок од 19 поени и шет скока, а Џереми Лин постигна 14 поени. Во поразениот состав најефикасен со 20 поени беше Френк Џексон.

Од останатите натпревари ја издвојуваме победата на Лос Анџелес Клиперс од 118:100 во мечот против Оклахома, Хјустон славеше над Филаделфија со 107:91 додека Детроит го совлада Чикаго со 111:106.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ