
Денвер со пресврт до триумф, продолжи победничката серија на Голден Стејт
Голден Стејт ја продолжи триумфалната серија во овој дел од сезоната. Денвер и покрај негативата од 25 поени на крајот успеа да забележи победа на Мемфис и да го задржи чекорот со водечкиот тим на западот.
Голден Стејт славеше над Индијана со 132:100 забележувајќи ја 11-тата последователна победа. Стеф Кари мечот го заврши со 26 поени и шест асистенции, ДеМаркус Казнс имаше 22 поени и шест скока, а Кевин Дурент и Клеј Томпсон беа стрелци на по 16 поени. На спротивната страна Мајлс Тарнер постигна 16 додека Бојан Богдановиќ 15 поени.
Благодарение на одличната игра во завршните 12 минути Денвер успеа да го совлада Мемфис со 95:92. Никола Јокиќ имаше учинок од 24 поени и пет освоени топки, а Вил Бартон додаде 20 поени и пет скока. Во поразениот тим најефикасен со 28 поени беше Марк Гасол.
Во останатите натпревари Шарлот – Њујорк 101:92, Бостон – Бруклин 112:104 и Лос Анџелес Клиперс – Атланта 118:123.