ДЕНИ ИЛИЕВ ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОРОТ СО АРСЕНАЛ

Англискиот фудбалски гигант  Арсенал на својата официјална веб страна  потврди дека потпиша нов договор со македонскиот голман Дејан Илиев.Илиев, поранешен  фудбалер на Беласица кој има 23 години, лани настапуваше за У23 тимот и покажа солидни партии. Со Арсенал  ја освои и англиската Премиер лига за играчи до 23 години, по што веднаш доби нов двегодишен договор. Илиев  беше дел и од првиот тим на Арсенал, во победата против Норич во Карабао Купот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ