Дел Потро преку Федерер до прв мастерс триумф во кариерата

Хуан Мартин дел Потро ја прекина победничката серија од 17 мечеви по ред на Роџер Федерер во 2018 година и успеа да дојде до трофејот на мастерс турнирот во Индијан Велс.

Осморангираниот Аргентинец го совлада Швајцарецот во три сета со 6-4, 6-7 и 7-6. Федерер ја бараше својата рекордна шеста титула во Индијан Велс, но Дел Потро успеа да дојде до својата прва мастерс титула во кариерата.

Кај дамите, триумфираше Јапонката Наоми Осака, откако беше поуспешна од Русинката Дарија Касаткина со резултат 2-0, по сетови 6-3 и 6-2. За 20-годишната тенисерка ова е прв голем трофеј во кариерата и стана најмладата освојувачка на Индијан Велс по Ана Ивановиќ во 2008 година.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ