
Дебитираше за Англија, па дедо му доби 17.000 фунти во обложувалница
Луис Кук синоќа дебитираше во дресот на фудбалската репрезентација на Англија во ремито од 1-1 против Италија на „Вембли“.
Неговиот дедо Тревор, пред три години уплатил 500 фунти во обложувалница дека неговиот внук еден ден ќе го облече дресот на „гордиот албион“ и тоа пред 26-тиот роденден. Во тој момент обложувалницата му дала коефициент 34, па вербата во својот внук на Тревор Кук му донесе 17.000 фунти.
Фудбалерот на Бормут влезе во игра во 71-та минута на местото на Џеси Лингард.