ДАЗН на Вајлдер му нуди рекордни 100 милиони
Компанијата ДАЗН е на најдобар пат да склучи историски договор со шампионот во тешка категорија Дионтеј Вајлдер.
ДАЗН на првакот во верзијата на ВБЦ е подготвен да му понуди сума од 100 милиони долари за следните три меча. Вајлдер ќе добие 20 милиони долари за соочувањето со Доминик Бризејл и по 40 за два дуели со најголемиот ривал Ентони Џошуа.
Според најавите првиот меч меѓу Вајлдер и Џошуа би се одржал во октомври годинава, а потоа ќе се преговара за евентуален реванш.