Давитков го одложи собирот на кошаркарите за една недела

Првиот собир на македонската кошаркарска репрезентација е поместен за една недела.

Селекторот Јорданчо Давитков реши да им даде дополнителен одмор на нашите кошаркари пред дуелот со Швајцарија во рамки на последното коло од претквалификациите за Евробаскетот во 2021 година.

Така, наместо на 10 јуни, подготовките на националниот тим ќе започнат на 18 јуни во 10 часот во салата „Јане Сандански“.

Натпреварот со Швајцарија го играме на гостински терен во Фрибург на 28 јуни. Македонија е прва во групата со максимален ефект од трите натпревари. Имаме две победи против Словачка и една против Швајцарија на домашен терен, а го освојуваме првото место во групата и со пораз од 15 разлика на гостувањето кај Швајцарија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ