Давитков го објави списокот за Швајцарија: Ќе прозива на 11 јуни

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за последниот натпревар од претквалфикациите за Евробаскетот во 2021 година, што го играме на гости кај Швајцарија на 28 јуни.

На списокот го нема повредениот Љубомир Младеновски и по подолго време Македонија нема натурализиран кошаркар во своите редови. Тимот го предводат Војдан и Дамјан Стојановски, Александар Костоски, Дарко Соколов, Димитар Караџовски, Бобан Стајиќ, Андреј Магдевски, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Бојан Трајковски, Бојан Крстевски, Кирил Николовски, Андреј Маслинко и Александар Штерјов.

Собирот на репрезентацијата е закажан за 11 јуни во салата „Јане Сандански“. Македонија победи на сите натпреварите во претходните три кола и тоа два пати против Словачка и на домашен терен против Швајцарија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ