Данска фаворит број 1 за титулата

Според последните коефициенти на обложувалниците, актуелниот светски и олимпискиот шампион Данска има најголеми шанси за освојување на златниот трофеј на претстојното Европско првенство во ракомет што се одржува во Австрија, Шведска и Норвешка, а ќе можете да го следите низ директни преноси на Телма.

Втора според коефициентот е селекцијата на Франција, а на третата позиција се наоѓа Шведска. Меѓу петте кандидати кои влегуваат со најголеми шанси за златото се репрезентациите на Шпанија и Германија.

Македонија со коефициент 126 се наоѓа се на 13-тото место, а пред нашиот национален тим се Норвешка, Хрватска, Словенија, Исланд, Унгарија, домаќинот Австрија и Русија.

Според коефициентот за триумф на првенството Македонија и Австрија имаат поголеми шанси од Чешка и Украина да го минат првиот круг.

Најлошо на листата стојат Полска, Холандија, Летонија, Босна и Херцеговина и Украина кои за освојување на првата позиција на шампионатот имаат коефициент 1001.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ