Данска без Лауге на турнирот во Франција

Селекторот на репрезентацијата на Данска, Николај Јакобсен се соочува со проблеми околу составувањето на тимот не само за турнирот во Мец туку и за натпреварите на Европското првенство.

За време на подготовките се повреди средниот бек Расмус Лауге Шмит и тој нема да биде дел од тимот што ќе настапи во Франција. Лауге има повреда на листот на ногата и се уште не е извесно дали тој ќе биде подготвен да биде дел од националниот тим.

Поради повреда на рамото турнирот во Франција го пропушта и Ласе Сван, а негова замена е Јохан Хансен.

Данците во првиот круг од Европското првенство кое ќе можете низ директни преноси да го следите на Телма се наоѓаат во Е групата заедно со селекциите на Унгарија, Исланд и Русија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ